Нема шега со навивачите, упаднале во соблекувалната на италијански тим и на фудбалерите им порачале дека последен пат доаѓаат мирно

Незадоволни од слабите резултати на екипата, гневните навивачи на Болоња по вчерашниот тренинг, упаднале во соблекувалната на италијанскиот тим и им се заканувале на фудбалерите, пишува весникот „Кориере дело спорт“.

Според весникот, 15 претставници на ултрасите на Болоња во четвртокот влегле во соблекувалната по тренингот што го имал тимот и наводно средбата поминала во тензична атмосфера. Ултрасите се задржале половина час во соблекувалната и притоа им се заканиле на фудбалерите, порачувајќи им да почнат да освојуваат бодови, како и дека „ова било последен пат да ги посетуваат мирно“.

Весникот исто така пишува дека тренерот Мота се обидел да ги одбрани фудбалерите, но и дека неколку од присутните на „состанокот“ морале да реагираат за да спречат физичка пресметка.

Болоња се наоѓа на 17. позиција на табелата во Серија А по осум кола и управата веќе го смени тренерот, на местото на Синиша Михајловиќ дојде Тијаго Мота.
Тимот под водство на Мота претрпе два порази, а единствената победа беше остварена со Лука Вињани на клупата, кој беше привремено решение по отказот на Михајловиќ.
Според

- Оглас -

Најнови вести