Нема турканици ни нервоза, англиските фанови мирно чекаат во ред за билет!

Како што пристигнуваат во Скопје, така англиските навивачи веднаш се упатуваат кон хотелот „Холидеј ин“, каде што добиваат билети за натпреварот.

Сите коишто резервирале билет онлајн, сега добиваат влезница. Бидејќи доаѓаат групно и се во прилично голем број, мора да чекаат во ред и засега се трпеливи и нема никакви нервози или турканици. Кој порано, кој подоцна, сите ќе дојдат на ред и ќе добијат билет за влез на источната трибина за вечерашниот меч.

- Оглас -

Најнови вести