Нема утеха за Нејмар: Ова ми беше еден од трите меча кои најмногу сакав да ги играм

Дербито на осминафиналето од Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Пари Сен Жермен, барем првиот меч кој се игра вечерва, ќе мине без присуство на Бразилецот Нејмар, кој не може да се помири со судбината дека нема да биде на терен.

Нејмар играше за Барса, со Каталонците во 2015 година ја освои Лигата на шампионите, а две години подоцна премина во ПСЖ за рекордна трансфер-сума од 222 милиони евра. Откако е во парискиот клуб, Нејмар нема играно против Барселона и кога ждрепката му се посреќи, тој нема да биде на теренот затоа што неодамна во Купот на Франција прими удар, по кој се повреди и ќе мора да паузира одредено време.

Ништо од дуелот Меси-Нејмар на „Камп ноу“, но можеби Бразилецот ќе се појави на реваншот на „Паркот на принцовите“, кога ќе се обиде да го однесе својот тим во четвртфинале и да го убеди Меси дека треба да потпише за ПСЖ.

„Ова ми беше во Топ 3 натпревари кои најмногу сакав да ги играм“, сподели тажниот Неј преку социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести