Нема веќе надеж за двојниот европски првак – ЕХФ и официјално го елиминира Вардар од ЛШ

Европската ракометна федерација, ЕХФ, ја згасна и последната надеж за учество на Вардар во ракометната Лига на шампиони идната сезона и со официјална одлука го елиминира двојниот европски првак.

Вардар има неподмирени долгови кон дел од играчите што настапуваа за клубот, а од ЕХФ објавија дека проблемот што е стар веќе две години не се решава и тоа е причината за забраната.

„Извршниот комитет на ЕХФ потврдува дека Вардар нема да игра во Лигата на шампионите. И покрај сите наши обиди и преговори со клубот да се подмират долговите кон ракометарите, тоа не се случи и принудени сме на вакво решение. Имаше и писмена комуникација со луѓето од клубот и разговори, но само делумно беа решени проблемите со подмирување на долговите што не е доволно. Затоа е донесена конечна одлука за исфрлање на Вардар од еврокуповите за сезоната 2022/23“, соопштија од ЕХФ.

Иако и раководството на Вардар и челниците на Ракометната федерација на Македонија се обидоа да ја променат одлуката, таа сега е конечна и Вардар нема да игра во ЛШ во идната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести