Нема веќе влечење мушама ако заврне на „Ролан Гарос“, централниот терен доби покрив (Фото)

Централниот терен на тенискиот гренд-слем турнир „Ролан Гарос“ во Париз, доби покрив, па сега веќе не остана ниту еден од четирите најважни турнири на светот без покриен терен. После Вимблдон, САД опен и Австралијан опен, сега и Французите се пофалија дека теренот „Филип Шатрие“ на кој се играат финалињата и другите најважни мечеви, е покриен, па во иднина ќе може да се игра и ако врне дожд.

Дождот во претходните 100 и кусур години правеше многу проблеми, се одложуваа мечеви на централниот терен, кој мораше да се покрие, па сега организаторите нема да имаат проблеми од таков вид.

Новиот покрив ќе може да се види од 27-ми септември до 10-ти октомври кога треба да се одржи единствениот гренд-слем кој се игра на земјена подлога. Како што може да се забележи, ако покривот биде затворен, ќе биде темно, па ќе треба и вклучување на рефлектори.

- Оглас -

Најнови вести