Нема загубена топка на Ролан Гарос за летечкиот Пер (Видео)

Францускиот тенисер Беноа Пер игра одлично на два фронта на Ролан Гарос, а стаса и да го одигра поенот на денот. Во тандем со легендарниот Индиец Леандер Паеш, Пер одигра атрактивно, спаси неверојатно тешка топка, а и заврши во публиката, но брзо се врати на терен.

Блескавата реакција на Беноа изнуди аплауз од сите кои го следеа мечот, а дека Пер е во топ-форма, потоа потврди и со победа во сингл. Неговиот противник Пабло Карено Буста му го предаде мечот од третото коло поради повреда пред почетокот на четвртиот сет при предност на Пер од 2:1 во сетови.

Пер денеска пак ќе игра во машки двојки со Паеш против опасните Кабал и Фарах, а утре на ред е мечот од осминафиналето во поединечна конкуренција против Кеи Нишикори.

Дотогаш уживајте во тениската парада на Беноа на дуелот во двојки против Инглот и Клижан.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести