Нема запирање: Седум кола, осум гола за Тричковски

Иван Тричковски ја продолжува својата голгетерска низа сезонава во кипарското првенство. Популарниот Тричко денеска погоди од пенал за водство на АЕК Ларнака по првото полувреме од 1-0 на гостувањето против некогаш силниот Анортозис. Ако АЕК го добие натпреварот, ќе биде прв на табелата во кипарската лига.

Тричковски, кој е капитен на АЕК, сега има 8 погодоци во седум кола сезонава. На секој натпревар дава гол, а на еден меч беше двоен стрелец и ако АЕК на крајот стане шампион, се знае кој ќе биде најзаслужен за тоа.

- Оглас -

Најнови вести