Нема зима кај Вештерките за Пипо Инѕаги: Ако не биде тренер, ќе го активираат како напаѓач

Оресте Вигорито, сопственикот на Беневенто жали за неколку загубени бодови во сезоната, во која на популарните Вештерки одлично им оди и со 21 бод се десетти во Серија А по 16 одиграни кола.

Вигорито вели дека тимот незаслужено загубил од Сасуоло и од Милан и дека го потсетува на ланската сезона во Серија Б, кога Беневенто стана шампион во Втората лига на 7 кола пред крајот на шампионатот.

„Штета е што претрпевме незаслужени порази од Сасуоло и од Милан. Упативме 58 удари и промашивме и пенал и со тие бодови ќе потесетевме на ланскиот поход кога бевме убедливо први во Серија Б. Филипо Инѕаги одлично си ја врши работата, но ако некогаш го сменам од тренерската позиција, ќе го префрлам на терен како напаѓач. Ни фали таков калибар на стрелец за да бидеме уште подобри“, се пошегува Вигорито на сметка на популарниот Пипо.

Нападот на Беневенто е меѓу послабите во Серија А и со 19 гола се на 14. место во конкуренција на 20 екипи. Сепак бројот на бодови е одличен, Вештерките имаат 21 на контото и се далеку од опасната зона, па тимот сигурно плови кон целта, да се обезбеди опстанок во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести