Нема зима за Роналдо: Ѕвездата на Јуве инвестира во нов луксузен дом

Финансиката криза предизвикана од корона-вирусот не го погоди Кристијано Роналдо иако платата во Јувентус му е намалена како резултат на ограничените приходи на клубот. Неговата популарност на социјалните мрежи и богатите спонзорски договори не му дозволија на Португалецот да почувствува финансиска нестабилност.

Суперѕвездата на Јувентус сега со нова инвестиција од осум милиони евра продолжува да ја шири империјата. Роналдо купил земјиште од 10.000 квадратни метри на портуласката ривиера, поточно во местото Квинта да Марина, каде што ќе се гради луксузна вила. Португалските медиуми тврдат дека Роналдо планира да живее во луксузната хациенда по завршувањето на кариерата.

Инаку голгетерот на Старата дама минатата недела се врати во Торино каде што веќе ги поминува деновите во самоизолација пред да почне да тренира со екипата.

- Оглас -

Најнови вести