Немаа милост за гигантот, ќе мора да игра 7 меча за 17 дена

Динамо Букурешт ќе има пеколно темпо и ќе мора да одигра дури 7 натпревари за 17 дена во лигата за опстанок во Романија.

Гигантот со 18 титули не доби попуст, а по малерот што ги зафати со зараза на неколку играчи со ковид-19, ќе мора да играат нон-стоп за да се изборат за опстанок.

Во моментов се претпоследни во плејаутот и ако не успеат да минат барем два клуба што се пред нив, ќе испаднат во Втората лига.

Динамо има 21 бод, но само со 7 одиграни мечеви, а пред нив се Поли Јаши со 26 и Сепси со 28, но со пет, односно четири меча повеќе одиграни од гигантот.

„Ги почитувавме сите правила и протоколи и бевме најдолго во карантин од сите екипи што имаа проблем со ковид-19. Не бараме милост, но распоредот што ни го одредија со 7 меча за 17 дена е знак на непочитување на реномето на Динамо. Ова е одлука во нечиј интерес. Ќе играме во темпо што е неиздржливо, но верувам дека ќе успееме да избориме опстанок“, вели Џиџи Мултеску.

Тој е новиот тренер на Динамо, клуб кој пред проблемите со позитивните тестови на дел од фудбалерите и заминувањето во карантин, го отпушти Адријан Михалчеа.

 

- Оглас -

Најнови вести