Немаат многу избор – Реал Мадрид прави пресврт, сега Џејмс Родригес е добар и останува

Џејмс Родригес ќе остане во Реал Мадрид, објави „Марка“, а колумбискиот репрезентативец бил информиран од раководството на Кралскиот клуб дека сега ќе продолжи да игра на „Сантијаго Бернабеу“ откако му заврши периодот на позајмица во Баерн.

Според „Марка“, ова е една од шок-терапиите во Реал Мадрид по неверијатниот пораз од 3:7 против Атлетико Мадрид на Купот на интернационалните шампиони.

Зинедин Зидан очајно посакува засилувања, а сега проблем му е и тврдоглавоста на Герет Бејл, кој се премислува во последен момент и не потпиша договор со кинескиот клуб Џиангсу Сунинг, што го доведе под знак прашалник доведувањето на Пол Погба.

Реал има многу проблеми и со повредите, последен во низа е голманот Тибо Куртоа, пред него и Асенсио, па одлуката е Родригес да остане.

Колумбиецот имаше понуди од Јувентус, Наполи, Атлетико Мадрид…, но Реал калкулираше и не му дозволи да замине, па сега одолговлекувањето се покажа како исправен потег, по серијата повреди на играчите на најтрофејниот европски клуб.

- Оглас -

Најнови вести