Немаат ниеден бод, но уште веруваат дека имаат шанси во ЛШ

Милан го има најдобриот страрт во клупската историја во Серија А и со 10 победи и едно реми во 11 меча е на делба на првото место со Наполи. Додека Росонерите блескаат во домашното првенство, натпреварите од Лигата на шампионите им се разочарувачки.

По три одиграни кола, Милан нема ниту еден бод, губејќи во првите средби од Ливерпул, Атлетико Мадрид и Порто. Гигантот од Милано утре на „Сан Сиро“ го пречекува португалскиот тим, а тренерот Стефано Пиоли вели дека ова е последна шанса за неговиот тим да се приклучи во борбата за освојување на едно од првите две места во групата.

„Утре ќе ја имаме последната шанса во Лигата на шампионите. Сите во екипата се полни со самодоверба и веруваат дека може да ја поминеме групата. По првите три кола заслуживме да имаме повеќе од нула бодови, а сега против Порто имаме шанси да стигнеме до првите три бода“, рече Пиоли.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести