Не така одамна, Болтон беше клуб кој играше во Премиер лигата. Англискиот тим играше и во европските купови, а шанса да биде нивни ривал имаше и нашиот претставник Работнички. Сепак, дека во фудбалот, работите многу брзо може да се свртат на лошо, на своја „кожа“ го почувствува Болтон.
Клубот кој четири пати бил освојувач на ФА Купот, од стабилен премиерлигаш, сега е екипа која е во третата лига и тоа првенството го започна со минус од 12 бодови. Финансиските проблеми е главниот виновник за лошата ситуација на клубот. Голем дел од играчите си заминаа, а на Болтон му остана да се снаоѓа како знае и умее.
На дуелот против Ковентри, екипата на Болтон ја сочинуваа играчи кои во просек имаа по 19 години, што можеби е најмладиот состав на еден тим во профи фудбалот во Англија. Иако поголем дел од играчите, до оваа сезона немаа никакво искуство во профи фудбалот, тргнаа храбро да се борат за спас на Болтон.
The Bolton Babes. Has there ever been a younger senior squad? Numbers on right are their ages. pic.twitter.com/ywsMEctNM2
— Alan Nixon (@reluctantnicko) August 10, 2019
На домашен терен со голобради момчиња, Болтон успеа да одигра 0:0 против Ковентри и да најави дека е можно да се случи чудо до крајот на сезоната, односно екипата да успее да ги достигне ривалите и да се спаси од испаѓање. Една од причините за добрата игра на Болтон против Ковентри, секако е и во домашните фанови.
Од клубот апелираа дека им е потребна помош од трибините, па на стадионот имаше повеќе од 9.000 гледачи, што е бројка за респект, посебно за клуб кој ја претрпува најтешката криза во 145-годишната историја.