3002 Интер – Аталанта (15.00 часот)
Ова е дуел на ранети лавови во сино-црни дресови. Интер ќе ги лечи раните после поразот од Милан во минатото коло, додека Аталанта треба да се вади после катастрофата која ја претрпе пред неколку дена против Баерн Минхен во ЛШ. Аталанта нема што да се чува за реваншот во Минхен, секако ќе биде елиминирана , но можно е некои играчи да одморат и работата на лидерот во Серија А да му биде олеснета. Аталанта 12 години не победила во Милано против Интер, а Божицата од 2023 не дала гол на „Меаца“.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.25)
1802 Баер Л. – Баерн (15.30 часот)
Леверкузен се бори за место во ЛШ, а треба да мисли и на реваншот во Арсенал во ЛШ, па задачата ќе му биде екстремно тешка. Баерн е убедливо прв на табелата со 11 бодови пред вториот и плус тоа нема ниеден пораз на гостински терен во оваа сезона. Баерн даде 40 гола на досегашните 12 гостувања, а проблем за домашните е и отсуството на Грималдо кој е суспендиран. Баер скоро еден месец нема пораз, попладнево ќе бидат препуштени на милост и немилост на моќниот Баерн кој од октомври 2021 нема добиено бундеслигашки меч на „Бај арената“.
Предлог тип: 2+ пол. (2.02)
1004 Арсенал – Евертон (18.30 часот)
Евертон победи во претходните две кола и може да му направи проблем на Арсенал кој е прв и не би сакал да му дозволи на Манчестер сити да му се приближи. Киксевите на фаворитите се случуваат често во викенди пред Лига на шампиони, но Арсенал им доволно силен тим за да триумфира, иако сигурно ќе има борба на теренот. Топчиите дома имаат примено само 9 гола на 14 меча, а Евертон е еден од најопасните гости во Премиер лигата, на последните пет гостувања освоија дури 13 бодови. Последниот нивен дуел во Лондон заврши 0-0, но тоа беше уште во 2024 година зимоска во Ливерпул беше 1-0 за Арсенал.
Предлог тип: 1 & 0-3 (1.98)
1003 Челзи – Њукасл (18.30 часот)
Сините имаат девет бодови повеќе од Чавките и ако сакаат да играат во ЛШ и следната сезона, мора да се фокусираат на Премиер лигата, тешко дека може да го елиминираат ПСЖ после оние 2-5 на првиот меч. Њукасл испушти победа против Барса и тешко дека ќе може да стори чудо на „Камп Ноу“. Њукасл е тим кој ретко игра нерешено, а има само три победи на 14 гостувања сезонава во лигата. Есеноска на „Сент Џејмс парк“ беше 2-2, но на „Стемфорд бриџ“, Њукасл 14 години нема победа.
Предлог тип: 1X & 2–4 (1.96)
1005 Вест Хем – Манчестер сити (21.00 часот)
Ова може да биде многу интересен меч бидејќи Вест Хем се бори за опстанок и има добри резултати во последно време, а Сити се бори за титула и нема право на кикс ако сака да го задржи чекорот со водечкиот Арсенал. Граѓаните се разнишани по поразот во Мадрид и сигурно дека во мислите ќе им биде реваншот во вторник. Традицијата вели дека сигурно ќе победи Сити, последен пат кога Вест Хем остана непоразен против Сити беше пред четири години, а за победа не знаат 11 години, пред Гвардиола да стане тренер на Граѓаните.
Предлог тип: 2 & ГГ (3.05)

