Немал пари да плати кирија и го избркале од станот, а сега стигна до успех кој му донесе многу пари

Роберт Милкинс е освојувач на снукер турнирот Велс Опен и европската турнирска серија, што е најголем успех на овој играч. За успехот во Велс, Милкинс заработи вкупно 230.000 фунти. Од овие пари, 80.000 фунти се за трофејот во Велс, а 150.000 фунти за освојувањето на Европската серија турнири.

Во финалето во Велс, Милкилс беше под голем притисок затоа што знаеше дека тоа ќе му донесе двојна радост. Тоа го искористи неговиот ривал Шон Марфи, кој поведе со 3:1 во фремови, а потоа следуваа три врзани фрема на Милкинс за предност од 4:3. Последниот фрем од првата серија го освои Марфи за 4:4.

Милкинс го освои првиот фрем во втората серија и поведе со 5:4 и успеа до крајот на финалето да ја сочува предноста, па на крајот се радуваше со 9:7. По мечот, Милкинс не можеше да верува колку пари заработил со оваа победа.

„Не можам да верувам дека го освоив турнирот и дека заработив бонус. Ова беше голема борба. Се борев и со своите емоции. Не играв онака како што сакав, но на крајот сум горд на постигнатото. Среќен сум“, рече Милкинс, кој откри еден интересен дел од својот приватен живот, а тоа е дека имало период во кој немал пари да ја плати ниту киријата во станот во кој живее.

„Победата ја посветувам на моите пријатели Ден и Манди. Тие ми се како семејство. Кумови се на моите деца. Кога во минатото имав проблеми, односно кога бев избркан од станот поради неплаќање кирија, тие ме примија кај нив. Тие се како семејство за мене, многу важни луѓе во мојот живот“, откри победникот на Велс опен.

- Оглас -

Најнови вести