Немало побизарна ВАР ситуација: Го поништија голот, па го признаа и на крај пак го поништија (Видео)

Вест Бромвич Албион минимално со 1:0 го победи Брајтон, а за гостите едноставно како да беше маѓепсан противничкиот гол. Фудбалерите на Брајтон промашија два пенали, а единствниот гол што го дадоа им беше поништен и тоа по многу драма.

Гостите се подготвуваа да изведат слободен удар на околу 20 метри од голот на ВБА, кога Данк изненадувачки шутираше додека не беше наместен „живиот ѕид“. Судијата Ли Мејсон првично го поништи голот, а потоа по сигнализација од ВАР собата доби инструкција дека погодокот е регуларен.

Данк шутираше непосредно откако Мејсон со свирчето даде знак дека може да се изведе слободниот удар. Судијата тврдеше дека не дал знак, но потоа сфати дека сепак свирнал, па поништениот гол го досуди за регуларен. Од ВАР собата потоа се јавија дека еден од гостинските фудбалери кои го попречувал видното поле на голманот бил во офсајд и треба да биде офсајд.

Во една таква одлука, требаше да биде досуден офсајд и топка за домаќините, но на крајот, судијата сепак реши Брајтон уште еднаш да го шутира слободниот удар и остана на својата одлука дека не дал знак да се изведе прекинот.

https://streamable.com/h1xn33

 

- Оглас -

Најнови вести