Немања Матиќ донираше 70.000 евра, за да спаси четиригодишно детенце

Немања Матиќ се има докажано како голем фудбалер, а овојпат покажа дека е и голем човек. Српскиот фудбалер уплатил 70.000 евра, кои биле потребни за лекување на четиригодишното детенце Душан Тодоровиќ.

Малиот Душан боледува од рак и потребно итно да му биде извршена операција во болницата во Барселона. Тој зафат вкупно чини 200.000 евра, а четиригодишното дете е во трка со времето и секој момент е важен. По големата акција за собирање на средства, биле најдени 130.000 евра, но уште фалело 70.000 евра.

Тогаш се појавил тајниот донатор, за кого подоцна се утврдило дека е Немања Матиќ. Српскиот репрезентативец кој е играч на Манчестер јунајтед и порано бил познат како голем хуманист и човек кој помаќа на тие што им е потребно. За тоа дека Матиќ ги дал тие 70.000 евра потврдија од семејството на детенцето.

„Веруваме дека сите сакате да знаете кој е анонимниот донатор. Тоа е господинот Немања Матиќ, на кого сакаме да му се заблагодариме од срце. Да не ги набројуваме сите оние кои помогнаа, бидејќи сигурно ќе заборавиме некого. Сакаме да им се заблагодариме на апсолутно сите кои ни помогнаа. Дуле ги обедини луѓето и затоа ни е многу мило“, се вели во дописот од соопштението на семејството Тодоровиќ.

За малото детенце се вели дека мора итно да се оперира, бидејќи ситуацијата може да биде многу критична. Матиќ го заврши своето, а сега е на ред лекарите да го спасат Душан кој сигурно е новиот голем фан на дефанзивецот на Србија.

 

- Оглас -

Најнови вести