Немаше дилеми – Од денеска и официјално Манџукиќ во Јувентус до 2021 година

Марио Манџукиќ немаше дилема, а денеска и официјално го продолжи договорот со Јувентус до 2021 година. Дека има договор, објави и официјалниот сајт на Јувентус, а популарниот Супер Марио ја продолжува авантурата со италијанскиот шампион.

„Марио Манџукиќ ќе продолжи со нас до 2021 година. Денеска и официјално е потпишан договор за продолжување на соработката. Се надевам дека ова е на обострано задоволство и одлична вест за големата армија симпатизери на нашиот клуб“, објави Јувентус на својата клупска страница.

Хрватскиот репрезентативец има 32 години, а веќе четврта сезона го носи дресот со „црно-бели“ бои на Јувентус. Во 2015 година пристигна од Атлетико Мадрид во Торино и игра одлично за актуелниот италијански првак.

- Оглас -

Најнови вести