Немаше ич среќа – Емил Павлов без пораз елиминиран на Игрите во Минск

Емил Павлов го освои третото место во својата група по три борби во Кумите, категорија до 60 килограми на Европските игри во Минск и не успеа да се пласира во полуфиналето.

Во неочекуван расплет и без пораз македонскиот претставник сепак не успеа да мине понатаму. Павлов не загуби ниту еден од трите дуели, а кобен за него беше вториот меч против Азербејџанецот Фирдовски Фарзалиев.

Тој дуел заврши нерешено 3:3, но со судиска одлука Фарзалиев беше прогласен за победник. Претходно во исцрпувачка битка со Анџело Крешченцо немаше победник, во меч без ниту еден поен, а победата над Белорусот Булатав со 5:0 беше пирова за Павлов и недоволна за пласман во полуфиналето.

За таков расплет придонесе и ремито без поени меѓу Фарзалиев и Крешченцо, што им одговараша на двајцата каратисти за полуфинале.

 

- Оглас -

Најнови вести