Нема никакви изненадувања, Еурофарм Пелистер ќе биде противникот на Вардар 1961 во големото финале на ракометниот Куп на Македонија за мажи. Финалето во Кавадарци е закажано за в недела вечер.
Откако вардарци го добија првото полуфинале против вториот тим на Е. Пелистер, првиот тим на битолскиот суперлигаш го надигра скопски Бутел со 25-21. Пелистерци доминираа во првото полувреме, кое го добија со 16-9, а потоа малку ги штедеа силите, но не беа сериозно загрозени, иако Бутел одигра солидно и даваше отпор.
Пелистер во 2005 година последен пат го освои Купот, а ова ќе биде реприза на ланското финале во „Автокоманда“, кое му припадна на Вардар.