Немилосрдни се Англичаните, го казнија двојниот првак со 100 илјади фунти

Дерби каунти е казнет со 100 илјади фунти поради административни пропусти од минатата сезона што клубот ја играше во Чемпионшип лигата на Англија, а му се заканува и преселба во понизок ранг.

Двојниот првак од сезоните во 1971/72 и 1974/75 имаше многу финансиски проблеми во текот на минатата сезона и едвај успеа да се спаси од испаѓање во последното коло, но сега е неизвесно дали ќе игра во истиот ранг на натпревари.

Ако популарните „Овни“ не го средат проблемот, можно е да бидат преселни во Лига 1 во Англија, иако ждрепката за двете лиги е веќе направена.

Дерби треба да стартува во Чемпионшип лигата на 7 август, со меч против Хадерсфилд на домашен терен, но и големиот фудбалски ас Вејн Руни, кој е менаџер на клубот, и играчите сè уште не се сигурни дека ќе играат во втората по ранг лига во Англија.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести