Немирниот Денис го симнаа од автобус – Не игра против Борусија со една од најбизарните приказни во историјата на фудбалот

Нигериецот Емануел Денис се прослави со два гола за Бриж против Реал Мадрид во ланското издание на Лигата на шампионите, а сега е на прагот да биде избркан од редовите на белгискиот гигант.

Напаѓачот е отстранет од фудбалската експедиција на Бриж непосредно пред тргнување на пат за Дортмунд, каде што вечер од 21 часот неговите соиграчи ќе играат против Борусија.

Причината е бизарна, со една од најневеројатните приказни во историјата на фудбалот. Денис бил избркан од клупскиот автобус откако барал да си одбере посебно седиште, наспроти веќе определеното место маркирано од клубот.

Не му било дозволено и по конфликтот Нигериецот морал да си замине дома наместо на пат за Дортмунд. Сега се најавуува строга казна за 23-годишниот шпиц на Бриж и дури и можна продажба веќе во зимскиот преоден рок.

Бриж го загуби првиот меч со Борусија на домашен терен со 0:3 и вечерва ќе се обиде да го поправи впечатокот на легендарниот „Вестфален“ во Дортмунд.

Борусија по три кола, е лидер во Ф групата со шест бода, пред Лацио со пет и Бриж со 4. Зенит е последен само со еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести