Немојте да нѐ споредувате со Барселона, тие не личат на ништо!

Бенфика сезонава игра одлично. Португалскиот гигант нареди пет победи во пет меча од домашното првенство, а има и два триумфи во исто толку средби во Лигата на Европа. Следниот предизвик на Бенфика е дуелот против Боавишта на гости.

Во последните пет меѓусебни средби, Бенфика секогаш ја победувала Боавишта, а гостите и сега се фаворити. Тренерот на Бенфика Жорге Жесус има многу причини за радости поради играта на неговиот тим, но се налути поради една споредба со Барселона.

„Нема да кажам дека играме како Барселона, затоа што Барселона не изгледа на ништо. Можеби играме како онаа Барселона од пред неколку години што беше, но сегашнава Барселона не вреди за ништо“, рече Јесус.

Дека оваа изјава на Јесус има поткрепа, покажуваат и резултатите на Барселона во Примера дивисион сезонава. Каталонскиот гигант вечерва одигра само 1:1 на гостувањето кај Алавес и по шест одиграни меча тимот на Роналд Куман има само осум бодови во Примера дивисион и моментно е на 12 место на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести