Кошаркарската репрезентација на Македонија игра одлично прво полувреме против Естонија во квалификациите за пласман на Европското првенство. Нашите момци имаат водство од 43-36 после 20 минути игра, а одлични во нашата репрезентација е Ненад Димитријевиќ со 16 и Итан Хап со 12 поени.
Натпреварот започна израмнето, но Македонија со серија од 8-0 дојде до највисоки во тој момент 16-10. Естонците вратија со 9-0 и го презедоа водството во финишот од првата четвртина, но само за кратко, бидејќи нашите кошаркари на првата мини-пауза заминаа со водство од 20-19.
Втората четвртина започна слично како и првата, со израмнета игра, но со серија од 8-0 во финишот на полувремето дојдовме до највисоки +9, 41-32, но до крајот на периодот естонците намалија на 43-36, што е резултатот после првото полувреме.
Дуелот против Естонија е најважен за нашата репрезентација, бидејќу токму една од овие две репрезентации ќе биде третиот патник на Европското првенство, со оглед на тоа дека Полска како домаќин е веќе таму, а Литванија со квалитетот кој го поседува нема да има проблем да се пласира на континенталниот собир.