Необичен гостин истрча на терен, го прибра мајка му со лизгачки старт (Видео)

Синсинати има нов фудбалски талент што истрча добри стотина метри од трибините и втрча на терен на дуелот со Отландо во МЛС лигата, а сцената што беше и смешна и симпатична ја дополни мајката на малиот Зајдек.

Со спринт успеа да го стаса својот син кој веќе беше на теренот и успеа да го врати на трибините на „ТКЛ“ стадионот. Целата ситуација ја следеа и познатите фудбалски ѕвезди, Нани, Бренер, Акоста… и уште 24 илјади гледачи кои присуствуваа на мечот што заврши 1:1.

Мајката на Зајдек брзо се снајде и го врати својот син на трибините, па немаше потреба од реакција на обезбедувањето на мечот од МЛС лигата.

- Оглас -

Најнови вести