Неочекуван проблем: Барселона остана без капитени

Барселона речиси си ја заврши работата во домашното првенство и до крајот на шампионатот треба рутински да ги задржи 11-те бода пред второплсираниот Атлетико Мадрид. Каталонскиот гигант денеска гостува кај Уеска, а тренерот на шампионот реши на овој меч да не играат поголем број од првотимците.

Стратегот Ернесто Валверде потврди дека во тимот ќе ги нема Лионел Меси, Серхио Бускетс, Жерар Пике и Серџи Роберто. Тоа се четворицата играчи кои на почетокот од сезоната ја добија одговорноста да бидат капитени на Барселона. Меси е прв капитен, а останатите тројца се негови заменици.

Сепак, за денешниот меч не се знае кој ќе ја има капитентската лента кај себе, бидејќи овие четворица нема да играат. Најавите се дека Валверде е во дилема меѓу двајца фудбалери за тоа кој ќе ја добие честа да биде капитен. Доколку од првата минута на теренот се најде дефанзивецот Жори Алба, тогаш тој ќе биде капитен, но ако Алба не е стартер, лентата најверојатно ќе заврши кај голманот Марк Андре тер Штеген.

 

- Оглас -

Најнови вести