Непобедливи: Ренџерс со рекорд ја круниса шампионската сезона

Глазгов Ренџерс ја комплетираше сезоната во која ја освои рекордната 55-та титула во Шкотка, со убедлив триумф од 4-0 над Абердин. Ренџерите без ниту еден пораз издоминираа во првенството, а со денешната победа стигнаа до високи 102 бода,

Во вкупно 38 натпревари, тимот на Стиве Џерард славеше во дури 32 со само шест ремија. Гол-разликата е неверојатна, Ренџерс заби вкупно 92 гола, а прими само 13, што е рекорд во шкотското првенствно кој од сезоната 2014/17 го држеше Селтик со 17 примени гола.

За оваа сезона да биде уште поимпресивна, Ренџерс победи во сите натпревари како домаќин, односно има перфектен учинок од 19 победи на исто толку меча.

- Оглас -

Најнови вести