Непобедливиот Сиетл лесно ќе ги реши омилените „пациенти“

4806 Минесота – Сиетл саундерс (20ч, МЛС лига)

Сиетл е најдобар тим во Западната конференција по 13 одиграни натпревари со учинок од 8 победи и 5 ремија, а за да продолжи серијата без пораз треба да се совлада Минесота која успешно го бранеше домашниот терен во претходните четири меча.

Домаќините се меѓу омилените пациенти на Сиетл со оглед на тоа дека Минесота последен пат славеше победа во летото 2008 година во меѓусебните дуели. Сиетл славеше на седум од последните осум средби со Минесота и се памети само едно реми, а голема реткост е само еден гол да ги решава натпреварите на овие две екипи.

Предлог тип: X2 & 2+ (2.18)

 

2804 Копенхаген – Алборг (16ч, Данска)

Дербито меѓу поранешните шампиони во воведното коло од данската Суперлига пред сè треба да донесе доста возбудувања и приказ на ефикасноста на двете екипи. Ниту Копенхаген, а ниту Алборг не можат да се пофалат со посебно добри подготовки во кои едвај победуваа, па се надеваат на поуспешен старт на новата сезона во својот шампионат.

Алборг го освои „Паркен“ на последното гостување во октомври минатата година со триумф од 2-1, а фактот што редовно имало победник во последните пет меѓусебни средби од кои три ги доби Копенхаген, наговестува дека попладнево нема да се делат бодови.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.65)

 

2506 Лилесторм – Молде (18ч, Норвешка)

Молде во голем стил се варти во победнички ритам, а победата од 5-0 над Одс треба да биде ветар во грбот за да се надигра и Лилесторм. Домаќините се во прилично добра серија со четири победи и две ремија во последните шест кола, форма од која лидерот во Норвешка треба да се заплаши, односно да се покаже на врвно ниво за да докаже зошто води во трката за титулата.

Во рамки од шампионатот, Лилесторм нема славено победа над Молде од ноември 2016 година, што е мотив повеќе за домашниот состав да ја задржи солидната форма за прекин на лошата низа резултати против ривалот. Просекот на голови е речиси три кога се среќаваат овие две екипи.

Предлог тип: 3+ (1.70)

 

2507 Тромзо – Розенборг (18ч, Норвешка)

Розенборг и оваа сезона не делува како конкурент за титулата, го потврдува тоа и формата во последните пет кола во кои издвои само еден триумф. За гостите е добро што и Тромзо е во лоша серија од три порази и две ремија, па се надеваат дека ќе додадат сол на раната иако Розенборг со пораз заминуваше од последните две гостувања.

Само во еден меч од последните 10 лигашки средби на овие две екипи заврши со еден гол, просечно се постигнуваат над два погодоци, а една последниот дуел сведочеше голеада од 5-2 во корист на Розенборг. Шансите се мали да се повтори тој резултат, но може да биде најава за нов ефикасен меч.

Предлог тип: 1+I * 3+ (2.08)

 

6711 Бенфика – Алмерија (20ч, контролен натпревар)

Бенфика може да се пофали со речиси перфектни подготовки во кои трипати победуваше и запиша едно реми без голови. Во победите над Ковилја, Фаренсе и Сака пија, лисабонските Орли одржаа просек од два погодоци, а вечерва би требало да бидат уште подоминантни против шпанскиот второлигаш.

Португалскиот гигант досега немал прилика да одигра пријателски меч против Алмерија, па во средба во која се експериментираат тактики и се воигруваат новите засилувања, може да се очекува растеретена игра и повеќекратно тресење на мрежите.

Предлог тип: 4+ (2.45)

- Оглас -

Најнови вести