Неподвижно дете во специјален кревет од трибина го гледаше омилениот тим

Ханза Росток одигра 1:1 против Лубек и со тој бод, тимот успеа да се врати во Цвајте Бундеслига. Успехот на тимот од Росток го прославија 7.500 гледачи на трибините на стадионот, а еден фан беше посебен.

На трибините беше 15-годишното момче Тристан кој е тешко болен. Момчето од раѓање е неподвижно, а има и тешки оштетувања на мозокот. И покрај сите тешкотии кои ги има, Тристан е голем навивач на Ханза, а сега му беше исполнета и желбата да биде на стадион и во живо да следи еден меч.

На Тристан му бил направен специјален мобилен кревет со кој влезе на стадионот и се стационира на трибините.

Останатите навивачи со овации го пречекаа момчето. Фановите на Ханза најавија дека ќе започнат акција за собирање пари да му се купи специјален автомобил наменет за лицата со посебни потреби, како Тристан би можел полесно да се движи.

 

- Оглас -

Најнови вести