Непоправлив: Балотели доби отказ од Бреша

Кога се појави во светскиот фудбал, Марио Балотели беше најавуван како играч кој треба да биде ѕвезда во следните 10-тина години, но наместо тоа, напаѓачот стана препознатлив по бројните скандали кои ги правеше.

Последен во низата скандали му се случи во Бреша, каде денеска добил отказ, пренесува италијанскиот весник „Газета дело спорт“. Балотели пред неколку дена не се појавил на тренинг и тоа не е негов прв ваков испад. Напаѓачот се правдал дека бил болен, но тоа не било уверливо за челниците на Бреша, кои решиле да му го раскинат договорот.

Балотели имаше договор до 2022 година, но поради нарушување на клупската дисциплина сега е слободен играч. Поради отказот, Балотели сакал да оди на суд, но неговите адвокати го советувале да се согласи на раскин на договорот со тимот кој речиси сигурно ќе испадне од Серија А, доколку се продолжи прекинатото првенство.

- Оглас -

Најнови вести