Непоразениот боксерски првак почина од срцев удар за време на борба (Видео)

Боксерот Муса Јамак, кој немаше ниту еден пораз во професионалната кариера, трагично го загуби животот откако колабира по срцевиот удар што го доби додека беше во рингот.

Јамак, кој имаше 38 години, за противник го имаше ветеранот Хамза Вандере и беше голем фаворит за деветта победа во деветиот профи меч, но, за жал, на почетокот на третата рунда едноставно на Муса му се слоши и падна во рингот.

Брзо реагираа лекарите, но не успеаја да го спасат боксерот кој од 2017 година беше во прифесионалните води. Кога стигна во болница, беше прогласен за мртов.

Тој го имаше освоено шампионскиот појас во Светската боксерска федерација во полутешка категорија.

- Оглас -

Најнови вести