Нераѕурите јасни: Лаутаро ќе оди во Барса само ако Гриезман дојде во Интер!

Провокација или реалност, од Интер испратија порака до Барселона дека ако го сакаат Лаутаро Мартинес, за возврат ќе треба да им го дадат Антоан Гриезман. Каталонците лани го купија Французинот за 120 милиони евра, но Гризи не успеа да се зближи со Лионел Меси и затоа можеби Барса ќе ја прифати оваа размена.

Меси и Барселона ќе го добијат тоа што го сакаат, Аргентинецот Лаутаро, а Интер ќе добие поинаков тип на напаѓач, техничар, кој и како крило и полушпиц би можел добро да се вклопи во тандем со Ромелу Лукаку.

Во моментов тактичката битка се води преку медиумите, Барселона немала директен контакт со Интер во врска со Мартинес. Платата на 29-годишниот Гриезман од 17 милиони евра годишно може да биде проблем, но тој е искусен, има и светска титула, се проценува дека добро би му дошол на Интер. Лаутаро е 22-годишен и поевтин, но во него се гледа долгорочно решение по постепеното повлекување на Луис Суарес.

- Оглас -

Најнови вести