Нереални сцени за фудбалот во Топ 5 лигите: Излив на емоции го преплавија целиот терен (Видео)

Нант во драматичен меч успеа да се пласира во финалето на Купот на Франција откако на пенали го елиминира Монако и на 8 мај на „Стад де Франс“ против Ница ќе игра за трофејот. За Нант ова е прво финале во Купот по пауза од 22 години, а навивачите едноставно „експлодираа“ од радост.

Во регуларниот дел мечот зврши 2:2, па мораа да се шутираат пенали. Во пенал-рулетот, гостите од Монако промашија два од четирите шута, додека домаќините ги погодија сите четири пенали и заслужено се пласираа во финалето.

Веднаш по крајот на мечот, илјадници навивачи на Нант едноставно решија да втрчаат на теренот и заедно со играчите да го прослават пласманот во финалето.

 

- Оглас -

Најнови вести