Нереди на трибините, факели на теренот и “бомба“ на Асани за голема победа на Албанија над Полска (Видео)

Еден од најинтересните натпревари вечерва го одиграа репрезентациите на Албанија и Полска во Тирана. Натпреварот во кој Албанија победи со 2-0 имаше своја предигра, бидејќи уште додека фудбалерите се загреваа, имаше големи нереди на трибините помеѓу домашните и гостинските навивачи, а полицијата се обидуваше да воспостави ред.

Само што започна натпреварот, во 30-тата секунда мораше да биде прекинат и овојпат да интервенираат пожарникарите, бидејќи на теренот беа фрлени факели, кои за среќа не погодија ниту еден од фудбалерите.

Ерупцијата се случи во 37-мата минута од мечот, кога вардаровото дете Јасир Асани постигна гол за паметење со вистинска бомба од далечина за водство од 1-0 на Албанија.

Во второто полувреме Албанија постигна уште еден погодок, прели Мирлинд Далку во 62-рата минута, кој ги постави конечните 2-0 на овој натпревар.

Репрезентацијата на Албанија во моментов е лидер во група Е со 10 бодови, по два повеќе од селекциите на Чешка и Молдавија, но чесите имаат и меч помалку.

 

 

- Оглас -

Најнови вести