Нерес не крева на непознати броеви, а го барал бразилскиот селектор

По повредата на Винисиус од Реал Мадрид, бразилскиот селектор Тите на негово место за пријателските со Панама и Чешка го повика крилото на Ајакс, Давид Нерес. Но 22-годишниот Нерес не се јавувал на телефон бидејќи никогаш не кревал на непознати броеви и за малку ќе останеше без деби во дресот на националниот тим.

„Не знаев чиј е бројот и не се јавував бидејќи не одговарам на непознати броеви. За среќа, сфатив дека бројот го имам видено во група на WhatsApp, се јавив и од другата страна беше селекторот, кој ми кажа дека ќе бидам повикан во репрезентацијата. Ме бараа и пријатели и роднини, сите во Бразил веќе знаеја“, изјави Нерес, кој е во одлична форма, даде гол и во триумфот од 4-1 против Реал и потоа уште два во холандската лига викендов.

Нерес зимоска имаше одлична понуда од кинескиот Гуанџу евергранд, но Ајакс не сакаше да го пушти. Среќа за Нерес, бидејќи ако заминеше во Кина, тешко дека ќе се наметнеше кај селекторот.

 

- Оглас -

Најнови вести