Нерешено е на „Френдс арената“, Хасани со еден од најбрзите голови во квалификациите на ЛЕ (видео)

Шкендија држи резултат од 1-1 на гостувањето кај АИК Стокхолм по првите 45 минути.

Избраниците на Артим Шаќири засега се покажаа како повеќе од адекватен противник на шведскиот тим, пред сè благодарение на Ферхан Хасани и неговиот гол во 25-тата секунда од натпреварот, што е еден од најбрзите во овие квалификации од Лигата на Европа.

Голот на Хасани можете да го видите ТУКА.

Популарниот Буба, капитенот на тетовци, итро се снајде во опасната зона, ја украде топката и ја смести зад грбот на Нордфелт. Израмнувањето од 1-1 го донесе Џон Гвидети во 17-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести