Нервозата кај Сините расте, имало инцидент на тренингот на Челзи

„Медениот месец“ на тренерот Томас Тухел во Челзи е завршен, Сините викендов беа разбиени дома од ВБА и тоа внесе голема нервоза кај играчите, особено кај Антонио Рудигер, кому за неколку дена му се насобраа два непланирани порази, најпрвин со селекцијата на Германија од Македонија во квалификациите за СП 2022, а потоа и во Премиер лигата со Челзи од Вест Бромич.

На првиот тренинг по поразот од 2-5 од ВБ, имало инцидент, по кој Тухел го избркал Рудигер од тренинг. Германскиот дефанзивец имал еден многу груб лизгачки старт врз голманот Кепа Аризабалага, по што Шпанецот реагирал бурно. Кепа и Рудигер почнале вербално да се навредуваат и да се туркаат, но за малку не дошло до тепачка благодарение на другите играчи.

За намалување на негативната енергија, Рудигер бил испратен во соблекувална на ладење, а подоцна се извинувал, па нема да има казна за него. Атмосферата во Челзи не е идеална пред првиот меч со Порто во четвртфиналето на Лигата на шампионите, пред Тухел е задача да ги смири играчите пред најважниот дел од сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести