Нервозна дама му порача на Вернер да си оди од Челзи (Видео)

Нервозна навивачка на Челзи реагираше луто на тренингот на клубот кој е актуелен европски првак и му порача на Тимо Вернер да си замине од клубот.

Поддржана уште од неколку симпатизери на Челзи го исвиркаа Вернер, што сепак е неочекувана реакција, иако Германецот одигра лоша прва сезона за европскиот првак и имаше неколку неверојатни утки.

Навивачката не се откажа и по завршувањето на тренингот, па му упати уште неколку повици на Вернер да си оди од Челзи и кога тој си заминуваше од комплексот за тренинг.

Вернер лани пристигна во Челзи од Лајпциг и потпиша петгодишен договор. Лајпциг доби отштета од околу 50 милиони евра за напаѓачот на германската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести