Несекојдневен, но добитен систем – Гостиварец побогат за 250.000 денари

Гостиварец вчера стана побогат за 4.000 евра, поточно 249.335 денари, откако со уплата само од 100 денари, погоди седум типови, од кои само еден тип беше натпревар од Лигата на шампиони. Иако повеќето типувачи со нетрпение ги очекуваат мечевите во групната фаза од елитното европско натпреварување, овој типувач одлучил да ризикува само со типот X-2 за натпреварот Хофенхајм – Манчестер сити (1-2 крај, 1-1 на полувреме), додека останатите шест типови ги одбра од втората и третата англиска лига.

Токму погодениот тип на Сити и Хофенхајм е најголемиот коефициент, 4.55, а што е уште поинтересно, ниту еден од останатите типови не се „кец“, односно да победи домаќин, туку одлучил да игра во корист на гостите, или натпреварот да заврши без победник.

„Двојки“ беа Лидс, Мидлсборо, Бредфорд и Портсмут, додека Астон вила – Престон, односно, Виган – Свонси се двата меча кои завршија без победник.

- Оглас -

Најнови вести