Неславен рекорд – Митроглу само трипати ја допре топката

Грчкиот напаѓач, Костас Митроглу, кој е член на Олимпик Марсеј, на синоќешното гостување кај Анже, за 45 минути игра, само трипати ја допре топката, од кои и почетниот удар. Откако го изведе почетниот удар, Митроглу само уште двапати и тоа некаде на средната на теренот имаше контакт со топката и тоа беше сè што направи пред да биде изваден од игра на полувреме.

Ова е еден од најлошите биланси на некој фудбалер во историјата. Во француската лига во последните една и пол децении откако се води ваква статистика, не е виден друг ваков случај некој играч само трипати да ја пипне топката.

Погледнете ги жолтите точки, во кој дел на теренот беа трите контакти со топката на 30-годишниот Митроглу:

- Оглас -

Најнови вести