Неславен рекорд на Марко Силва: Изгубил со шест примени гола со три различни екипи

Вчерашниот дебакл на Евертон од Тотенхем со 6-2 на „Гудисон парк“ му донесе неславен рекорд на предводникот на „карамелите“, Марко Силва. Португалскиот стратег стана првиот менаџер кој загубил три меча на домашен терен најмалку со шест примени погодоци, притоа водел три различни екипи во Премиер лигата.

Во сезоната 2016/17, Силва беше на клупата на Хал сити, а во мај загуби со 7-1 од Тотенхем. Минатата сезона претрпе дебакл од шампионот Манчестер сити со 6-0 како тренер на Ватфорд, додека вчера „петлите“ повторно му зададоа главоболки откако шест пати ја затресоа мрежата на Евертон.

Сето ова се случи само за 19 месеци, па очигледно е дека Силва мора да го смени пристапот кога се соочува со екипи кои се при врвот во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести