Несовладливиот Ѓоковиќ е старо-нов шампион на Вимблдон!

Новак Ѓоковиќ е старо нов шампион на Вимблдон за седма негова титула на ова Отворено првенство, односно 21-ва гренслем титула во кариерата. Српскиот тенисер беше подобар од Ник Кирјос во големото финале по четири сета со 4-6, 6-3, 6-4, 7-6.

Новак трет меч во низа на Вимблдон победи по остварен пресврт. Губеше во четвртфиналето од Синер со 0-2, па победи со 3-2, а и во полуфиналето против Нори надополнуваше еден сет негатива исто како денес.

Првиот сервис припадна на бранителот, па наместо да го диктира темпото, му озвоможи на Кирјос да направи брејк за водство од 3-2, што се покажа како клучен гем за Австралиецот да поведе со 1-0 по втората искористена сет-топка. Традиционално, тогаш Новак го подигна темпото на игра, возврати на идентичен начин со еден брејк и израмни на 1-1.

Колку и да беше Кирјос атрактивен, но и бучен во влезот од третиот сет, Ѓоковиќ играше трпеливо и чекаше негова грешка. При мал пад на концентрацијата, Ник загуби гем на свој сервис, по што Ѓоковиќ се најде во позиција да сервира за пресврт од 2-1 и ги оправда очекувањата.

Кирјос цело време во четвртиот сет ја имаше иницијативата, но не дојде до шанса да израмни на 2-2, и му дозволи на Ѓоковиќ да се избори за тајбрејк, во кој Ноле искусно се снајде и лесно го доби со 7-3.

Третиот светски рекет сега има 21 гренслем титула, една повеќе од Федерер, но една помалку од Надал.

- Оглас -

Најнови вести