Несторовски го селат кај Пандев, во Сасуоло….

Џенова го продава Пјонтек во Милан, а најсериозен кандидат да го замени полскиот напаѓач е Илија Несторовски, пишува локалниот медиум „Џорнале ди Сицилија“.

Еден македонски тандем би се растурил, тој во Палермо со Несторовски и Александар Трајковски, но би имало нов со Пандев и Несторовски во Џенова ако се остварат најавите за трансфер на македонскиот репрезентативец на Мараси.

Дел од италијанските медиуми лиферуваа вест дека со заминувањето на Кевин-Принс Боатенг од Сасуоло во Барселона, се отвори место за преселба на Несторовски во редовите на калчолигашот од провинцијата Модена во Италија.

- Оглас -

Најнови вести