Несторовски и Трајковски добија нов тренер, се врати Роси

Делио Роси е заменикот за отпуштениот Роберто Стелоне на клупата на Палермо. Педесет и деветгодишниот стратег по осум години се враќа на добро познато место, а со италијанскиот второлигаш потпиша важечки договор до крајот на оваа сезона.

Роси беше тренер на Палермо од 2009 до 2011 година, а како најголем успех му е пласманот во финалето од Купот на Италија во сезоната 2010/11, каде што беа поразени од Интер со 3-1, како и пласманот во Лигата на Европа.

Задачата на Роси ќе биде да го одведе Палермо во италијанската елита. Екипата се наоѓа на три бода од првите две места на табелата во Серија Б кои овозможуваат директен пласман, а до крајот има уште четири натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести