Несторовски има конкретна понуда, се чека да даде одговор дали ја прифаќа

Македонскиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски е слободен играч откако се договори на разделба со Удинезе, но наскоро би можело да има нов клуб.

Италијанскиот второлигаш Тернана е сериозно заинтересирана за Нестор и испратила понуда до него, а сега се чека одговорот дали прилепчанецот ќе прифати или не. За Несторовски ако деновиве не дојде некоја побогата или понуда од клуб во Серија А, веројатно нема да има друг избор освен да ја прифати понудата на Тернана.

- Оглас -

Најнови вести