Несторовски ќе игра во Серија А!

Македонскиот репрезентативец и член на Палермо, Илија Несторовски, се наоѓа пред преселба во редовите на калчолигашот Удинезе. Оваа потврда пристигна и од италијанските медиуми. Се верува дека трансферот на Несторовски ќе вреди околу пет милиони евра, додека Македонецот ќе потпише договор на две години.

Удинезе и минатото лето се интересираше за нашиот репрезентативец, а една година подоцна тој ги победија Болоња и Торино во трката за потписот на Несторовски.

Ангажманот би требало да се официјализира во следните неколку дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести