Некогашниот македонски репрезентативец Илија Несторовски со својот Славен Белупо е пред голем предизвик викендов. Во меч од 25 коло на хрватското првенство Славен Белупо на домашен терен ќе игра против актуелниот првак Динамо Загреб, а Несторовски е оптимист.
„Важно е тимот да игра добро, да победува. Знаеме против кого играме во недела, Динамо лани го освои и купот и шампионатот и не ни треба дополнителна мотивација. Тренерот рече дека сме малку уморни, што е точно, бидејќи одамна не се случило да одиграме два натпревари во пет дена, како да сме во Лигата на шампионите, но ќе бидеме подготвени да го пречекаме Динамо“, рече Несторовски, кој додаде дека Славен Белупо нема да оди на нерешено, туку ќе атакува на освојување на трите бодови.
„Јас не би бил среќен со освоен бод! Секогаш одам на победа, таков играч сум јас. Се подготвуваме да го победиме Динамо, го почитуваме на теренот, ќе се бориме со нив на теренот, ќе имаме „тепачка“ и ако го заслужиме тоа ќе го добиеме натпреварот. Секогаш одиме на победа, никогаш нема да одиме на бод“, потенцираше Несторовски.
Славен Белупо игра во одлична форма во 2025 година и уште нема пораз. Во досегашните седум средби, тимот на Несторовски има три победи и три нерешени во шест првенствени дуели, а се пласираше и во полуфиналето во Купот на Хрватска.