Несторовски повторно ќе „тресе“ во Хрватска, потпишува за Славен Белупо

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Илија Несторовски во новата сезона ќе биде дел од екипата на Славен Белупо. Медиумите во Хрватска веќе го најавија враќањето на најдобриот стрелец од сезоната 2014/15, кога прилепчанецот во дресот на Интер Запрешиќ постигна 25 гола, а потоа направи трансфер во Палермо.

Триесет и четиригодишниот фудбалер потекнува од екипата на Победа, а пред да дојде во Интер Запрешиќ, настапуваше и за Словачко, Викторија Жижков и Металург. Во Италија го носеше дресот на Палермо, Удинезе и Асколи, а за репрезентацијата на Македонија одигра 52 натпревари на кои постигна 10 гола.

Несторовски сигурно ќе биде големо засилување за екипата на Славен Белупо, која имаше слаб старт на сезоната во Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести