Несторовски сака во Калчото како шампион со Палермо во Серија Б

Илија Несторовски постигна многу важен гол за победа на Палермо против Верона и потоа изјави дека сака пак да игра со клубот во Првата италијанска лига, но дотаму да стигне како капитен на шампионот во Серија Б.

„Важно е да победуваме, а овој триумф против Верона е исклучително важен. Само Палермо да се врати во Серија А, а желба ми е да го сториме тоа како шампиони во оваа конкуренција. Сега влегуваме во финалето на сезоната и важно е да бидеме вистинските и да освојуваме бодови за враќање во елитата“, изјави Несторовски.

Тој го постигна 11-тиот гол во Серија Б и е убедливо прв стрелец на тимот кој има одлична шанса да се врати во Првата италијанска лига.

Палермо моментно е на третото место со еден бод зад Лече и четири зад Бреша, но има меч помалку од второпласираната екипа. Следен, и тоа голем предизвик е да се победи ланскиот член на Серија А, Беневенто, со што Палермо би бил многу блиску до промоција во повисок ранг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести