Несторовски во прилика да фрли сол на раната на лондонските Сини

6758 Удинезе – Челзи (21 часот)

Челзи во последната контролка пред стартот на сезоната гостува кај Илија Несторовски и Удинезе на „Дачија арената“. Македонскиот напаѓач ќе има прилика да фрли сол на раната на Сините, кои не се задоволни од подготовките и бројните порази на трансфер-пазарот.

Првпат се во ситуација да ги одмерат силите. Челзи славеше во еден од вкупно три меча досега, Зебрите одиграа двојно повеќе натпревари со учинок од три победи, два порази и реми.

Штом е натпревар од пријателски карактер, логично е да се очекуваат голови.

Предлог тип: 4+ (2.70)

 

6743 Њукасл – Аталанта (20:45 часот)

Вториот англиско-италијански контролен дуел е меѓу Њукасл и Аталанта, во кој исто така би требало да се види повеќекратно тресење на мрежите.

Страчките се во понатпреварувачка форма бидејќи одиграа четири меча, но славеа во половина од нив, додека Божицата од Бергамо се пресмета само со Комо во триумфот од 4-0.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.70)

 

6756 Евертон – Динамо Киев (20:45 часот)

Меѓу поинтересните контролки во завршницата од претсезонскиот период е и мечот меѓу Евертон и Динамо Киев. Тимот на Френк Лампард се надева дека со поволен резултат од овој дуел ќе се насочи кон обврските во Премиер лигата, која почнува идниот викенд, а разиграниот Динамо ќе се загрева за квалификациите во ЛШ.

Во 2015 година овие две екипи ги одмерија силите во осминафиналето на ЛЕ, Украинците реваншот го добија со убедливи 5-2 иако претходно беа во негатива од 2-1.

Се очекува послободна игра на Евертон, додека Динамо ќе тестира тактички комбинации.

Предлог тип: ГГ3+ (2.11)

 

2847 Минхен 1860 – Борусија Дортмунд (20:45 часот)

Купот означува старт на фудбалската сезона во Германија, а Дортмунд во првите кола треба да биде неприкосновен бидејќи Милионерите се меѓу главните конкуренти за пехарот.

Во 2013 година овие две екипи се сретнаа во рамките на Германскиот куп, ситуацијата беше идентична, а нисколигашот како домаќин загуби со 2-0. Резултат во корист на Дортмунд се очекува и сега.

Предлог тип: 2 & T2 3+ (1.69)

 

1011 Хадерсфилд – Барнли (21 часот) 

Стартува сезоната во Чемпионшип, а повратникот во Втората англиска лига наиде на незгодно гостување кај Хадерсфилд, тимот што лани се бореше за влез во елитата.

Гостите не се комлетни, им недостасуваат главните играчи како Џеј Родригес и Вествуд, што може да биде одлучно во битката за првите бодови.

Во премиерлигашки рамки, Барнли славеше како гостин последниот пат кога ги одмерија силите, односно во последните три меѓусебни средби просекот е речиси три погодоци.

Преглог тип: ГГ (1.84)

- Оглас -

Најнови вести